Доколку се точни најновите гласини, Samsung планира да ги објави своите нови флексибилни телефони во јули оваа година. На тој начин, Galaxy Z Flip3 и Galaxy Z Fold3 би биле објавени еден месец порано од Z Fold2, кој пристигна во септември минатата година.
Доколку Samsung прави измени во стратегијата за објавата на телефони, а премиум-линијата на компанијата од првата половина на годината (S21 серија) е веќе објавена во јануари, тогаш новиот план за претставување на флексибилни уреди има смисла. Засега, сè уште е рано за да знаеме дали овие гласини се точни.
Galaxy Z Fold3 се очекува да има измена таму каде што од UTG (Ultra Thin Glass) конструкција ќе премине во пластика. Уредот треба да има внатрешен дисплеј од 7,55 инчи и 6,21-инчен екстерен дисплеј. Гласините укажуваат и на можна поддршка за S Pen паметното пенкало.
Од друга страна, Z Flip3 би можел да има внатрешен дисплеј со дијагонала од 6,7 инчи, со брзина на освежување од 120Hz. Надворешниот дисплеј исто така ќе биде поголем од оригиналниот Z Flip модел Гласините споменуваат и поевтин модел Z Flip3 модел, со чипсет од средниот сегмент.
Поврзани артикли