Instagram не престанува со објавување на ажурирања за својата услуга. Десктоп апликацијата неодамна доби поддршка за карусел преглед за Stories. Сега се чини дека компанијата планира да го редизајнира Stories и на мобилните уреди.
Instagram потврди дека работи на Vertical Stories, што на сервисот ќе му даде повеќе TiкTok впечаток. Во моментов, корисниците ги прегледуваат Stories преку хоризонтално свајпање и кликови. Вертикалното прелистување е начин на кој вршиме интеракција на веб и ги прегледуваме страниците и повеќето социјални мрежи, како што се Facebook, YouTube, но и Instagram.
#Instagram is working on Vertical Stories ?
Swipe up and down to browse stories. pic.twitter.com/LDJje8l137— Alessandro Paluzzi (@alex193a) February 2, 2021
Покрај тоа, компанијата најверојатно ќе им даде приоритет на видео објавите во однос на фотографиите, за подобро да се натпреварува со конкурентскиот TikTok сервис, преку претстојниот Vertical Stories преглед.
Функцијата сè уште не е јавно достапна и откриена e во кодот на Instagram сервисот. Со оглед на тоа што Instagram Vertical Stories во моментов е прототип, не е сигурно дека функцијата ќе им биде достапна на сите корисници, но е показател во кој правец размислува Instagram со овој пристап.