Аналитичарите на компанијата Gartner предвидуваат дека глобалната испорака на смартфони ќе достигне вкупно 1,5 милијарди во текот на 2021 година, со раст од 11,4 проценти на годишно ниво.
Еден од главните двигатели на растот на продажбата е секако 5G, а се очекува дека продажбата на 5G телефони ќе изнесува вкупно 539 милиони (35% од вкупната продажба) во текот на оваа година.
Многу корисници, во екот на пандемијата на коронавирусот, чекаа да ги надградат своите телефони кога 5G уредите станаа подостапни. Затоа во текот на 2020 година е забележан пад на продажбата на смартфони од 10,5 проценти.
Аналитичарите на Gartner истакнуваат дека развиените пазари на азиско-пацифичкиот регион, Западна Европа и Јужна Америка ќе забележат најголем раст на продажбата на телефони во текот на 2021 година.
Интересно е што во текот на 2019. година биле продадени 16,7 милиони 5G смартфони, во текот на 2020. година е остварен скок на 213,3 милиони, додека во 2021. година се очекуваат да бидат продадени 539 милиони паметни телефони со 5G конекција.