Новата функција на Instagram ќе им овозможи на корисниците да ги вратат избришаните содржини.
„Знаеме дека ова нешто луѓето веќе долго го бараат. Сега по прв пат можете да прегледате и вратите избришани содржини на Инстаграм. Исто така, ја подобривме и заштитата, за да спречиме хакерите да го загрозат вашиот налог“, стои во официјалното соопштение на Instagram.
Овој дел за подобрената заштита ќе биде постигнат така што ќе се бара верификација од корисникот секој пат кога сака трајно да избрише или да врати фотографии, видео снимки или некоја друга содржина.
Како функционира новата опција?
– Ја отворате Instagram апликацијата и избирате Settings.
– Одбирате „Account“ а потоа „Recently deleted“.
– Таму ќе имате пристап до сите избришани содржини кои можете да ги вратите или трајно да ги отстраните.
Избришаните содржини ќе бидат достапни во рок од 30 дена.
Функцијата за враќање содржини би требало да биде достапна за поголем дел од корисниците до крајот на оваа недела, велат од Instagram.
Извор: B92.net
Поврзани артикли