Џеф Безос ја напушти челната позиција во Amazon, соопшти компанијата.
Како што се наведува, тој ќе премине на местото извршен претседател на бордот директори на компанијата. Во писмо до вработените во Amazon, Безос објави дека во иднина ќе се фокусира на нови производи и рани иницијативи.
„Да се биде извршен директор на Amazon е голема одговорност и е многу напорно. Кога имате таква одговорност, тешко ќе го насочите вниманието на што било друго“, наведе тој.
A message from Jeff Bezos to Amazon employees earlier today. https://t.co/W5I99qCJrZ
— Amazon News (@amazonnews) February 2, 2021
Безос изјави дека и понатаму ќе учествува во важни иницијативи во Amazon, како и дека планира повеќе да се посвети на филантропијата и другите интереси, како весникот „Вашингтон пост“ и „Блу Ориџин“.
На негово место доаѓа Енди Џеси, кој работи во Amazon од 1997 година и ги води веб услугите на компанијата. Безос ја основа Amazon во 1994 година и тогаш од е-книжарница ја претвори во мега онлајн трговија на мало, која продава и испорачува различни производи низ светот.