Се очекува дека iPhone 12S или iPhone 13 ќе го задржи истиот дизајн како и сегашната серија смартфони, но ќе биде малку подебел. Сајтот LetsGoDigital и Concept Creator се здружија за да креираат 3Д рендери, кои прикажуваат како би можел да изгледа iPhone 12S Pro.
Дизајнот не претставува точна реплика на актуелниот Pro модел, бидејќи засекот во дисплејот е помал. Сепак, се сугерира дека Apple планира да имплементира сензор за отпечатоци под дисплејот, што ќе биде прв пат за телефоните на Apple. Ќе биде интересно да се види кој ќе биде снабдувач на овие сензори. Qualcomm се наметнува како логично решение, бидејќи компанијата веќе ги снабдува Apple 5G моделите.
Рендерите покажуваат дека полнењето ќе се врши преку MagSafe системот. Исто така, со Wi-Fi 6E поддршката, преносот на податоци ќе биде побрз од она што го нуди Lightning, кој е лимитиран на USB 2.0 брзини.
Аналитичарот Минг-Чи Куо претходно спомена дека iPhone 12S Pro и 12S Pro Max ќе имаат подобрена ултра-широка камера, со f/1.8 отвор на бленда и автофокус. Секако, ова засега се само шпекулации и прогнози на аналитичарите. Нови модели на iPhone се очекуваат во септември.