По успешната објава во Кина, Xiaomi Mi 11 е подготвен да биде претставен глобално, а тоа ќе се случи на 8. февруари. Сè уште нема официјални информации за моделот Mi 11 Pro (или Mi 11 Lite) моделот. Покрај телефонот, глобално ќе биде објавен и MIUI 12.5 корисничкиот интерфејс.
Xiaomi во текот на настанот ќе ги објави точните датуми кога Xiaomi Mi 11 ќе биде достапен на меѓународните пазари. Досега само Шпанија потврди дека ќе го добие смартфонот, а секако истото се очекува и за другите земји со Mi продавници.
Точната цена ќе биде објавена за време на презентацијата, но се очекува да изнесува околу 800 евра, а по истата цена беше објавен и Mi 10 минатата година.
MIUI 12.5 ќе биде надградба на верзијата 12.0, а и натаму ќе се базира на Android 11. Интерфејсот ќе имплементира некои нови функции, како што е можноста за криење на иконите на прединсталираните апликации што не се користат, за почетниот екран да биде почист.
Покрај тоа, се очекува MIUI +, што ќе овозможи лансирање апликации од телефонот на компјутер со Windows (вклучувајќи и неколку апликации истовремено). Исто така, ќе може да се добиваат известувања од уредот.