Индуктивното безжично полнење што работи со подлоги за полнење сè уште не е достапно за секој уред, но веб-страницата XDA-developers укажува на тоа дека Xiaomi најавува премин кон следниот чекор – далечинско безжично полнење.
Вистинските безжични полначи „без допир“ можеа да ги полнат уредите од неколку метри, а Xiaomi го подготвува своето решение наречено Mi Air Charge Technology.
Компанијата не објави детали како што се датумот на објава или компатибилниот хардвер, но прикажа демо и ги спомена 17-те патенти што ги има за оваа технологија.
Mi Air Charge Technology е 5W систем за полнење, кој користи 144 антени во базната станица, а испраќа милиметарски бранови до телефонот, кои ги примаат на сопствениот систем со 14 антени.
We're excited to bring you the remote charging technology – Mi Air Charge Technology! Charge multiple devices simultaneously while you're gaming, walking around or even when something's in the way, no strings attached. Another giant leap forward in wireless charging technology! pic.twitter.com/wEoB10wOQ2
— Xiaomi (@Xiaomi) January 29, 2021
Xiaomi тврди дека технологијата не е научна фантастика и дека во одреден момент ќе може да полни и неколку уреди истовремено, да поминува низ физички објекти и да напојува различни мали уреди – од паметни часовници до звучници.