Корисниците кои учествуваат во програмата можат да пишуваат белешки на индивидуалните објави, но тие белешки нема да се видат јавно на Twitter, туку исклучиво на Birdwatch интернет страниците.
Twitter почна програма наречена Birdwatch, а нејзината задача е да ги провери фактите во објавите на социјалната мрежа, со цел да се означат содржините што содржат дезинформации. Проверката на фактите во рамките на Birdwatch ја спроведуваат самите корисници.
Засега се работи за пилот програма во која се вклучени околу 1.000 корисници од САД почеток, а тие ќе можат да ставаат белешки на објавите на Twitter за да им дадат контекст.
Моментно, корисниците кои учествуваат во програмата можат да пишуваат белешки на индивидуалните објави, но тие белешки нема да се видат јавно на Twitter, туку исклучиво на Birdwatch интернет страниците. Корисниците на Birdwatch можат да ги оценуваат и белешките на другите учесници на овие веб-страници.
Подолу е приложен пример за тоа како ова би требало да изгледа во пракса.
? Today we’re introducing @Birdwatch, a community-driven approach to addressing misleading information. And we want your help. (1/3) pic.twitter.com/aYJILZ7iKB
— Twitter Support (@TwitterSupport) January 25, 2021
„Веруваме дека овој пристап има потенцијал брзо да одговори на ширењето на дезинформации, давајќи контекст во кој луѓето можат да му веруваат и да го ценат“, порача потпретседателот на Twitter, Кит Колеман, во објава на блогот на Twitter.
Додава дека Twitter со време белеѓките ќе ги направи видливи и на самата платформа.
Од Twitter тврдат дека разговарале со повеќе од 100 луѓе со различни политички ориентации, кои навеле дека белешките на Birdwatch пружаат корисен контекст и подобро разбирање на објавите на Twitter.
Пријавите за Birdwatch се можни, но моментно само за корисниците од САД.