Компанијата Caviar ја прославува годината на Волот со специјално украсен Galaxy S21 Ultra модел.
Годината на Волот беше инспирацијата за дизајнот на новиот паметен телефон на Samsung кој на задната страна доби златна глава од ова животно која доаѓа со прстен од 24-каратно злато. Прстенот минува низ носот на волот и е подвижен, а очите на животното се направени од два природни дијаманти.
Caviar планира да направи само 21 примерок на овој телефон, а секој телефон ќе се продава по цена почнувајќи од 20 илјади долари.
Од компанијата соопштија дека ќе постои и посебна Golden Line линија со позлатена задна страна и гравирана текстура. Исто така, телефонот може да биде изработен и од карбонски влакна или кожа од алигатор.
Врвот на понудата ќе биде Golden 21 чиј заден панел ќе биде изработен од 18-каратно злато и го има изгравирано бројот 21 кој се однесува на годината и на ознаката на моделот. Во продажба ќе се најде само еден ваков уникатен примерок кој ќе чини вртоглави 77,230 долари.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли