Beeper е нова универзална чет апликација, која претставува обид да се интегрираат 15 различни платформи во еден интерфејс. Апликацијата е дело на тим кој го вклучува и еден од основачите и Извршен директор на производителот на паметни часовници Pebble, по име Ерик Мигиковски. На сајтот на Beeper се наведува дека проектот бил претходно познат како NovaChat и дека бара претплата од 10 долари.
Иако Beeper ги поврзува најпопуларните комуникациски услуги во светот, како што се WhatsApp, Signal, Telegram, Slack, Twitter, Discord, Instagram и Facebook Messenger, најинтересна е поддршката за Apple iMessage, која официјално е достапна само на уредите на Apple и често се цитира како функција, поради која одредени корисници не можат да се префрлат на Android.
Мигиковски вели дека Beeper би требало да дозволи iMessage да работи на Android, Windows и Linux, меѓутоа признава дека користи некои трикови за да го овозможи тоа.