Кога Samsung го објави Exynos 2100 чипот, претходно овој месец, компанијата најави и дека следниот премиум Exynos чипсет ќе користи AMD графички процесор. Бидејќи јужнокорејската компанија објавува само еден Exynos чипсет годишно, се очекуваше дека наредниот модел со AMD GPU ќе пристигне во текот на 2022. година. Сепак, се чини дека нема да биде така.
Дојавувачот Ice Universe тврди дека Samsung уште во текот на оваа година ќе објави Exynos чипсет со AMD мобилен графички процесор. Чипот може да дебитира во рамките на флексибилниот Galaxy Z Fold3 модел, подоцна во текот на годината. Дојавувачот сугерира и дека Samsung ќе користи AMD графички процесори и во својата Exynos 1xxx серија чипови од горниот среден сегмент.
Сепак, периодот на објава на овие Exynos-AMD чипови сè уште не е познат и постои можност нивната презентација да биде одложена за следната година.
Со AMD mobile GPU, следниот Exynos мобилен чип би можел во голема мерка да им конкурира наQualcomm Snapdragon 888 и Apple A14 Bionic чипсетите во гејминг перформансите.