Според информациите на сајтот Nokiapoweruser, HMD Global се подготвува да објави неколку нови телефони, од Nokia 1.4 се до Nokia 7.3 и 7.4 моделите. Најраниот телефон што се очекува е Nokia 1.4, кој е планиран за објава во текот на февруари.
Потоа на листата се моделите Nokia 6.3 и 6.4 5G, чие објавување треба да следува кон крајот на првиот или почетокот на вториот квартал оваа година. Кодното име „Quicksilver“, кое се појави пред неколку дена, наводно му припаѓа на моделот Nokia 6.3 или 6.4 5G.
Конечно, се очекуват и Nokia 7.3/7.4 5G, а се споменува и приближниот период на објава кон крајот на февруари или во текот на март.
Не е познато од каде доаѓаат овие информации, но се чини дека се во согласност со плановите на Nokia да објави најмалку четири телефони со 5G конекција во текот на 2021 година. Nokia 5.5 и Nokia 8.4 се исто така планирани и се очекуваат во текот на втората половина на годината.