Производителот на микроскопот Hirox овозможи нов поглед на познатата фотографија на Вермер, „Девојката со бисерна обетка“, а со помош на неверојатната резолуција од 10 гигапиксели.
Со помош на микроскопот Hirox 3D беа направени дури 9.100 фотографии, и секоја пукнатина и капка боја беше прикажана со едвај замислива прецизност. Врз основа на тоа е направена 3D мапа на платното, па сликата изгледа како површина на необична планета. Така, една од најпознатите слики на светот доби нов агол на гледање, а микроскопот е направен за да се креираат голем број снимки, а потоа да се спојат во целина. Благодарение на тоа, левото око на насликаната девојка е зумирано за подобро да се види зеницата, па дури и уште подалеку – до двете бели точки кои претставуваат светло што се рефлектира на површината на окото.
Истражувани се и другите делови на сликата, заклучно се со веројатно најпознатите обетки на светот. Вакциот увид во сликата е драгоцен за реставраторите, кои сега можат подобро да ја проценат состојбата во кое се наоѓа платното и да ги истражат трагите на претходните реставрации. Hirox направи и посебен сајт, на кој заинтересираните ќе можат да ја истражуваат фотографијата.