Инсајдерски извори сугерираат дека Samsung работи на наследникот на минатогодишниот Galaxy Tab S6 Lite таблет, кој ќе пристигне во три варијанти и може да се појави во првата половина од оваа година.

Се сугерира дека Galaxy Tab S7 Lite ќе биде достапен во Wi-Fi only, LTE и 5G верзии, а овие модели се забележани со ознаките SM-T730, SM-T735 и SM-T736B / SM-T736N.

Точното име на уредот сè уште не е целосно јасно, бидејќи некаде се споменува името Galaxy Tab S7 Lite, додека на други места уредот се појавува како Tab S8e. Исто така, се споменува поголема верзија на моделот Lite, но за него моментно нема никакви детали.