Со секој нов сателит лансиран во Земјината орбита, гужвата над нашите глави станува се поголема.
Денес во употреба се околу 3.000 активни сателити, но оваа бројка брзо се менува, посебно кога ќе ги земеме во предвид компаниите како Starlink, кои со секое ново лансирање во орбитата испраќаат по 60 мали сателити.
Додаваме уште приближно 20.000 парчиња орбитален отпап кој активно се следи, и сликата за бесконечно пространство над Земјата почнува да изгледа сосема поинаква.
Научникот од Универзитетот Тексас во Остин, Мориба Јах си постави мисија проблемот со орбитална пренатрупаност да го направи целосно јасен. Создаде програма за визуелизација, која ја нарече AstriaGraph и која ги прикажува позициите на активно следените објекти во Земјината орбита.
Направи и графички приказ во реално време, кој покажува колку всушност сите овие сателити и вселенски отпадоци се блиску едни до други, додека со голема брзина кружат околу Земјата, понекогаш и 15 пати побрзо од брзината на звукот.
Во споменатиот графикон и пресметките што ги изведува во реално време, најголемото зло на кое Јах посветува посебно внимание е можноста од судири, или меѓу сателитите, или на сателитите со вселенскиот отпад.
Предупредува дека кога два објекта ќе се судрат во орбитата, настануваат бројни нови парчиња отпад. Сепак, Јах не тврди дека се подготвува некаква орбитална апокалипса, но дека сателитската индустрија ќе мора да се справи со овој проблем порано или подоцна.
Поврзани артикли