Еден од најпознатите гејмери на денешницата, Call of Duty играчот, Томас ZooMaa Папарато, објави дека мора да се повлече од професионалниот гејминг поради повреда.
Имено, 25-годишниот Папарато го повреди палецот и мораше да го оперира, а на својот Twitter профил објави дека „едноставно повеќе не е можно“ да игра видео-игри на професионално ниво поради болка во раката.
„Срцето ми се крши затоа што морам да се откажам од видео-игрите во кои се вложував себеси веќе осум години“, напиша поранешниот член на тимот на NYSL.
Can’t help but get emotional seeing all the support. Wish I could respond to everyone but just know I see all of you and appreciate all the kind words. Love all of you for real. ❤️
— NYSL ZooMaa (@ZooMaa) January 19, 2021
Како што вели, тоа е „најтешката работа што некогаш морал да ја напише“, но проблемот со зглобот и палецот е преголем, па не може повеќе да се натпреварува во светскиот гејминг врв.
„Не уживам да се натпреварувам кога не можам да бидам ZooMa, кого сите го знаат и сакаат. Чувствувам дека не би било фер кон себе или својот тим, кога повторно би поминал низ сето тоа, потенцијално правејќи уште поголема штета на мојата рака”, рече тој.
Според податоците достапни на веб-страницата на esportsearnings, Папарато од награди на турнирите, заработил 387.019 долари за време на неговата шестгодишна професионална гејминг кариера.