Шефот на Tesla и SpaceX, Елон Маск на Twitter вети 100 милиони долари на оној кој ќе развие најдобра технологија за собирање и складирање на јаглерод диоксид.
Се работи за технологија која го ублажува влијанието на штетните емисии со тоа што поголемиот дел го собира пред да стигне до атмосферата.
Собирањето и складирањето на емисиите што ја загреваат планетата станува голем дел од многу планови во борбата против климатските промени, но до денес е направен многу мал напредок во технологијата, со напори насочени кон намалување на емисиите наместо отстранување на јаглерод-диоксидот од воздухот.
„Донирам награда од 100 милиони долари за најдобрата технологија за собирање јаглерод-диоксид“, напиша Маск на Twitter, проследен со уште еден „твит“ во кој вети дека ќе даде повеќе детали во текот на следната недела.
Елон Маск управува со некои од најфутуристичките компании во светот. Покрај Tesla, тој е на чело на SpaceX и Neuralink, стартап компанија која ги поврзува мозокот со компјутерите.
Покрај тоа, тој гради тунели за електрични возила, што ќе го скратат времето на патување од 30 на три минути.
Извор: Nova.rs
Поврзани артикли