Mozilla го поедностави процесот на пронаоѓање и инсталирање na add-on додатоци за Firefox на Android. Со објавувањето на Firefox 85 верзијата за мобилниот оперативен систем, корисниците ќе можат да инсталираат екстензии директно од страницата addons.mozilla.org.
Моментно, корисниците мораат да одат Add-ons Manager за да ја инсталираат посакуваната екстензија. Mozilla посочува дека овој процес е збунувачки за оние кои се навикнати на инсталирање од десктоп опкружување. Тоа ќе се промени со верзијата Firefox 85, која пристигнува на 25 јануари, а тогаш и копчињата за инсталирање ќе бидат достапни на add-ons сајтот.
Од друга страна, изборот на додатоци за Android сè уште е лимитиран. Mozilla не ја прошири листата премногу откако е објавено новото искуство во прелистувачот, засновано на GeckoView енџинот. На почетокот постоеја само десет екстензии на листата, а сега има 12.
Mozilla истакнува дека ќе продолжи да оптимизира поголем број add-on додатоци за Android во следните месеци. Засега, корисниците ќе мораат да се потпрат на експерименталниот прелистувач Firefox for Android Nightly за да ги инсталираат додатоците.
Поврзани артикли