Идејата дека Samsung би можел да ја имплементира својата Exynos линија чипсети во други категории на уреди не е изненадување и овој потег би бил очекуван откако Apple го објави 5nm M1 чип за своите Mac уреди.
Иако чиповите на јужнокорејската компанија можат да се најдат во телефоните на Samsung и некои други компании, според информациите на дојавувачите, првите уреди кои ќе користат Exynos чипсет, а не се смартфони, би можеле да пристигнат наскоро.
Дојавувачот Galox на Twitter истакнува дека е нестрплив да ги види Exynos чиповите за компјутериte. Тој не споменува конкретно дека овие чипови, базирани на ARM архитектурата, најпрвин ќе пристигнат на лаптопите. Сепак, се очекува оваа категорија да биде најпогодна за претстојните процесори.
Претходно дознавме дека Samsung работи на решение што ќе имплементира AMD графика, но не се очекува дека ова ќе бидат истите чипови. Можно е да видиме повеќе детали во врска со оваа тема во следните месеци, а можеме да очекуваме нешто поконкретно до крајот на годината.