Се чини дека MacBook Pro нема да биде единствениот компјутер на Apple што ќе добие сериозен „face lifting“. Според информациите на Bloomberg, Apple работи и на голем редизајн на популарниот iMac all-in-one десктоп компјутер. Оваа година компанијата се очекува да претстави два нови модела, кои ќе бидат дизајнирани во стилот на Apple Pro Display XDR мониторот.
Ова би значело дека ќе биде отстранета големата рамка околу дисплејот (како на сегашните iMac модели), како и на закривениот заден дел. Новите компјутери ќе бидат засновани на следната генерација ARM процесори, што ќе биде следниот чекор во оддалечувањето од Intel.
Се верува и дека компанијата работи на подостапен модел на монитор, што ќе ја надополни понудата покрај ултра скапиот Pro Display XDR. Потсетуваме дека само Pro Display XDR чини 5000 долари, а само неговиот сталак „неверојатни“ 1.000 долари. Поевтиниот дисплеј ќе има послаб квалитет на сликата (помала осветленост и контраст) во однос на професионалниот Pro Display XDR и ќе биде наменет за сите станати корисници. Тоа ќе биде прв пат уште од 2016 година, кога престана производството на Thunderbolt Display, Apple да понуди consumer верзија на монитор.
Во извештајот на Bloomberg се споменува и дека Apple планира две нови верзии на Mac Pro. Првата верзија ќе има ист дизајн како и сегашниот модел и ќе се заснова на Intel процесор, а вториот, поинтересен модел, што ќе се базира на Apple Silicon, ќе биде приближно двојно помал од постојниот модел со алуминиумско тело што ќе потсетува на легенадарниот Power Mac G4 Cube.