Tesla и овозможи на јавноста да ја види новата батерија наречена 4680, и нејзината најмодерна производна линија Roadrunner во Тексас.
Tesla ја претстави својата најнова батерија уште во септември 2020 година за време на Денот на батеријата, но тогаш тоа беше само дел од презентацијата во PowerPoint што ја презентираше шефот на Tesla, Eлон Маск.
Тесла сега реши навистина со видео тизер да покаже на што работат во нивната најсовремена фабрика во Фремонт, Тексас.
Едноминутното видео покажува како се создава новата батерија низ неколку фази на производство, со помош на робот.
Маск рече дека производствената линија Roadrunner ја добивала инспирацијата од производствените линии со голем обем, како оние во фабриките за храна, пијалоци, медицински помагала или играчки.
Come work on cell / battery production at Giga Texas & Giga Berlin! https://t.co/PhsI5bb0uD pic.twitter.com/jEUatMLDmE
— Tesla (@Tesla) January 17, 2021
Новата батерија 4860, тврдат во Tesla, ќе биде шест пати помоќна, пет пати погусто наполнета со енергија и ќе го зголеми опсегот на нивните возила за 16 проценти.
Што се однесува до дизајнот на самата батерија, Tesla зема традиционални фолии за да направи батерии и создаде ласерска шема на нив што создава десетици споеви на самиот материјал, што го намалува растојанието што треба да го поминат електроните. На овој начин, батеријата е повеќе термостабилна.
Маск, исто така, објасни дека иако батеријата е поголема од вообичаеното, всушност, неговиот однос моќ-тежина е подобар од помалите батерии.
Тоа е тешко да се постигне. Никој досега не можеше да го стори тоа, рече Маск.
Извор: Zimo.hr