Откривањето на планета за која научниците веруваа дека не може да постои може да доведе до промена на популарното мислење за тоа како се формираат нови светови, пред се како се формираат и развиваат гасни гиганти, односно планети од типот на Јупитер.
Научниците велат дека планетата, официјално именувана како WASP-107b, или позната и како „super-puff“, е многу пониска по густина отколку што се сметаше дека е можно за планети од овој тип, пишува Independent.
Станува збор за планета со големина многу приближна до Јупитер, но со густина дури 10 пати помала, што ги натера истражувачите да ја споредат планетата со шеќерна волна.
„Ова откритие се однесува на самите основи за тоа како се формираат и растат гигантски планети. Даден ни е конкретен доказ дека масовната акумулација на гасната обвивка може да се активира за јадра што се со далеку помала маса отколку што мислевме“, вели Бјорн Бенеке од Универзитетот во Монтреал.
Планетата е извонредна не само затоа што е невообичаено голема, туку и затоа што има слаба гравитација на површината, како и осветленоста на нејзината sвезда позната како WASP-107.
Ова овозможува подетално да се изучуваат овој свет и неговата атмосфера отколку што е инаку можно. Планетата е 16 пати поблиску до својата sвезда отколку Земјата до Сонцето.
Извор: Republika.rs
Поврзани артикли