Кинеската компанија Xiaomi објави интересно видео на кое е прикажано како од деловите на паметниот телефон Mi 11 е направена скулптура на змеј.
Xiaomi Mi 11 беше претставен во последните денови од 2020-та година и стана првиот паметен телефон со новиот процесор Snapdragon 888 на Qualcomm.
На видеото е прикажано расклопувањето на два примероци на Mi 11, како и четири примероци со кожа за да бидат изработени роговите и крилјата.
На уметникот му биле потребни 30 дена од компонентите на паметните телефони да направи механичка скулптура на змеј.
На крајот, скулптурата беше поставена на посебно украсениот Qi бежичен полнач и мора да признаеме дека изгледа навистина импресивно.
Да потсетиме, Xiaomi Mi 11 покрај Snapdragon 888 процесорот, располага со 8 GB RAM меморија и 256 GB интерна меморија. Уредот има 6,82-инчен AMOLED со QHD+ резолуција и фреквенција на освежување од 120 Hz.
Покрај главната камера од 108 мегапиксели, на задната страна се поставени и ултрашироката камера од 13 мегапиксели и основната макро камера од 5 мегапиксели. На предната страна е поставена „селфи“ камера од 20 мегапиксели.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли