Acer најави освежување на својата Aspire линија на преносни компјутери. Најголемата вест во текот на CES 2021 саемот беше најавата на новите AMD Ryzen мобилни процесори, па сосема е логично што Acer ги опреми своите лаптопи со овие чипови.
Објавени се два нови лаптопа од Aspire линијата, опремени со 15,6-инчни FHD екрани, Aspire 5 и 7. Aspire 7 е на повисоко ниво и се одликува со AMD Ryzen чип со Nvidia GeForce GTX1650 графика. Aspire 7 има и до 32 GB RAM меморија, до 1TB SSD простор за складирање и Wi-Fi 6 и тежи 2,15 килограми. Покрај тоа, екранот на Aspire 7 е подобрен благодарение на новиот софтвер, наречен Acer Color Intelligence и Acer ExaColor, кој може да ги прилагоди гамата и заситеноста во реално време. Aspire 5 нуди AMD Radeon RX 640 графика, заедно со AMD silicon, до 24 GB RAM меморија, 1 TB SSD или 2 TB HDD и Wi-Fi 6 поддршка.
Acer најави и ажурирање на својот гејминг лаптоп Nitro 5. Достапен со дисплеј од 15,6 инчи или 17,3 инчи, Nitro 5 лаптопот доаѓа со AMD Ryzen 9 59000 HX мобилен процесор или со Intel Core H35 процесори од 11. генерација. Двете верзии ја користат Nvidia GeForce RTX 3080 графичката карта. Што се однесува до екранот на лаптопот, корисниците можат да изберат помеѓу QHz екран со брзина на освежување од 165Hz или FHD екран со брзина на освежување од 260Hz. Другите спецификации на хардверот вклучуваат 32 GB RAM меморија, поддршка за Wi-Fi 6, SSD до 2TB, двојни вентилатори и четири издувни портови.