Иако му останаа уште само шест дена до истекот на мандатот, Доналд Трамп се уште не ја заврши пресметката со кинеските технолошки компании. На ред дојде Xiaomi.
Xiaomi е третиот најголем производител на мобилни телефони во светот, а американското Мминистерство за одбрана од вчера оваа компанија ја гледа како „кинеска комунистичка воена компанија“. Тоа значи дека Xiaomi моментално станува ранлив на извршната одлука на Трамп која на американските компании им забранува да вложуваат во компанијата.
Оваа одлука би можела да ги натера американските компании и инвеститори да се повлечат од соработката со Xiaomi оваа година.
Портпаролот на Xiaomi во реакцијата на одлуката на администрацијата на Трамп нагласи дека компанијата не е во сопственост, под контрола или на било каков начин поврзана со американската армија и категорично отфрли дека Xiaomi е комунистичка кинеска воена компанија.
„Xiaomi ги почитува законите и работи во склад со регулативите на сите пазари. Ќе ги преземе соодветните мерки за да ги заштити своите и интересите на акционерите“, стои во официјалното соопштение на Xiaomi по објавата на американското Министерство за одбрана дека Xiaomi е ставен на „црната листа“ на кинески компании.
Вториот по големина производител на паметни телефони во светот, Huawei исто така се наоѓа на таа листа, но за разлика од Xiaomi, Huawei на глобално ниво работи на развој на комуникациски мрежи и 5G технологија.
Интересно е што Xiaomi, исто како и Huawei се најде на листата на американски санкции во моментите кога компаниите го надминаа американски Apple по бројот на продадени телефони.
Листата на американското Министерство за одбрана не е иста како листата на „ентитети“ на американското Министерство за трговија, која обично ги спречува компаниите од извоз на технологии кон компаниите кои се наоѓаат на црната листа, но сето тоа придонесе за голем пад на акциите на Xiaomi.
Извор: Zimo.hr