Користењето на услугата на Amazon нема да биде евтино и зависи од тоа што точно сакате да направите, но веројатно на крајот ќе биде поевтино отколку секој производител да развива сопствен асистент.
Виртуелната гласовна асистентка на Amazon, Alexa наскоро би можела да стане мајка. Поточно, врз основа на нејзиниот код, производителите на автомобили би можеле да развиваат свои виртуелни асистенти за автомобили.
Amazon објави дека лансирал нова услуга, Alexa Custom Assistant, која им овозможува на производителите на автомобили, како и на другите производители на разни уреди, да развијат сопствен дигитален асистент заснован на технологијата на Amazon.
Како што појаснуваат, иако таквите асистенти би се базирале на Alexa, производителите на автомобили можат својата верзија на виртуелниот асистент да ја прилагодат според нивните потреби. На пример, да го активираат специфични клучни зборови, да го променат гласот, но и можностите.
Користењето на услугата на Amazon нема да биде евтино и зависи од тоа што точно сакате да направите, но веројатно на крајот ќе биде поевтино отколку секој производител да развива сопствен асистент. Покрај тоа, ќе се олесни интеграцијата со другите можности на Alexa, како управувањето со паметниит дом, забавата и купувањето.
Но, тоа не значи дека Alexa на Amazon ќе биде достапна веднаш, ниту во сите автомобили. Имено, и други големи играчи и се нудат на автомобилската индустрија со своите виртуелни асистенти. Засега, Amazon договори партнерство со General Motors, Ford, BMW, Audi, Toyotа, Hyundai и Nissan, додека Fiat Crysle ќе биде првиот што ќе инсталира свој виртуелен гласовен асистент заснован на Alexa во своите автомобили и тоа преку централниот систем Uconnect 5.
Поврзани артикли