Милиони корисници ширум светот во последните неколку дена направија профил на апликацијата за размена на пораки Signal, со што оваа апликација стана најбараната во светот.
Апликацијата за испраќање пораки Signal забележа драстичен пораст на бројот на корисници откако апликацијата WhatsApp ги промени правилата. Според официјалните податоци, во периодот од четврток до недела, апликацијата била инсталирана повеќе од 7,5 милиони пати.
Дури и Елон Маск на Twitter ги повика граѓаните да ја користат оваа апликација.
Use Signal
— Elon Musk (@elonmusk) January 7, 2021
Откако сопствениците на WhatsApp ги изменија условите за употреба на апликацијата и ја нарушија приватноста на многу корисници и нивните лични податоци, многу луѓе ја сметаат апликацијата Signal како идеална алтернатива.
Интересен е фактот што сопственикот на Signal е коосновачот на WhatsApp, Брајан Актон, кој ја напушти оваа компанија во 2018 година.
Извор: Klix.ba