Nvidia во текот на CES 2021 саемот потврди дека RTX 30 серијата графички карти на компанијата пристигнуваат на лаптопите. Моментно, NvidiaAmpere лаптоп линијата ја сочинуваат три модели: RTX 3060, RTX 3070 и RTX 3080.
Според Nvidia, лаптоп верзијата на RTX 3060 моделот може да испорача перформанси во опсег од 90 фрејмови во секунда @ 1080p и ултра подесувања во игрите како што е Fortnite. RTX 3060 графичките карти ќе бидат достапни во лаптопите со почетна цена од 999 долари. Моделот RTX 3070, кој ќе се најде во лаптопите по цена од 1299 долари, ќе нуди 90 fps@1440p. На крајот, тука е и RTX 3080 линијата од највисокиот сегмент, која може да рендерира игри во над 100 фрејма во секунда @1440p.
Покрај подобрувањата на перформансите, новите графички картички имплементираат подобрувања за постојните Nvidia Max-Q технологии. Ова ги вклучува новите верзии на Dynamic Boost и Whisper Mode функциите.
Новите Nvidia RTX 30 видео картички за лаптопи, исто така, ја имаат функцијата наречена Resizable BAR, што му овозможува на процесорот да и пристапи на целата GPU меморија одеднаш, што според компанијата придонесува за подобрување на перформансите во игрите. Секако, тука е и пристапот до DLSS, технологијата, која користи AI за подобрување на перформансите.
Nvidia истакнува дека првите лаптопи со RTX 3080 и RTX 3070 графички карти ќе бидат достапни од 26 јануари, додека RTX 3060 лаптопите ќе пристигнат подоцна.