Естонската компанија Milrem Robotic, која се занимава со роботски и автономни системи, го претстави новото роботско борбено возило Type-X.
Type-X RVC првично беше најавен во текот на летото минатата година, а дизајниран е да им пружа поддршка на тенковите и други воени возила, намалувајќи го ризикот за војниците на бојното поле.
Возилото е прилагодливо и на него може да се постави топ со калибар до 50 мм, додека во случај на поставување на топ со калибар до 30 мм, возилото може да биде лансирано во акција од воздух.
Type-X RCV е осмислен да ги презема најопасните задачи и позиции и да служи како „интелигентен асистент“. Може да ги пробива одбранбените непријателски позиции со минимален ризик за своите војници.
Возилото е тешко 10.886 кг и високо 2,2 метра, а моторот е сместен наназад, поради што е потешко да се открие визуелно и со помош на термичките сензори.
Type-X RCV ќе биде опремен со интелигентни функции, меѓу кои и функцијата „следи ме“, навигација, детектирање пречки и слично.