Honor официјално потврди дека неговиот претстоен смартфон V40 5G ќе има примарна камера од 50 мегапиксели.
Потврдата пристигна во форма на видео објавенo на кинеската социјална мрежа Weibo, што ги промовира можностите за фотографирање во услови на слаба осветленост.
Покрај примарната камера од 50MP, на задната страна ќе има ултраширока 8-мегапикселна камера, 2MP макрокамера и сензор за ласерско фокусирање од 2MP.
Смартфонот ќе има и суперчувствителен екран со 1,07 милијарди бои и фреквенција на освежување од 90 или 120Hz.
Спецификациите не се официјално откриени, но се шпекулира дека ќе поддржува 66W жично и 50W безжично полнење. Се споменува и 6,72-инчниот OLED екран со резолуција од 1,236 x 2,676 пиксели со интегриран сензор за отпечатоци, MediaTek Dimensity 1000+ процесор, 8GB RAM и 128/256 GB простор за складирање.
Honor има намера официјално да го претстави V40 5G во понеделник, на 18 јануари.
Поврзани артикли