Бран студено време од Арктикот, слично на оној што се случи во 2014 година, од крајот на јануари им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија.
Во зимата во 2014 година температурите во Чикаго опаднаа до минус 27 степени Целзиусови и не е невообичаено студениот воздух од Арктикот сега да навлезе уште појужно, се наведува во извештајот на Блумберг.
Во текот на оваа зима студот генерално не се движи подалеку од Северниот пол.
Тод Крафорд, водечки метеоролог на Ај-Би-Ем, истакнува дека по речиси двегодишна пауза, на северната хемисфера може да и се закани продор на леден воздух од Арктикот.
A dramatic polar vortex split is underway. Researchers we spoke to think this will lead to extreme cold in northern Europe and the potential for a snowy pattern in the eastern U.S. Details: https://t.co/NkknjqcaOh
— Capital Weather Gang (@capitalweather) January 5, 2021
„Очигледно доаѓа возбудливо време со студени денови и снег“, рече Крафорд.
Метеоролозите не очекуваат брутален студ како оној во зимата 2014 година, но тие предвидуваат постудени зимски денови.
Студениот воздух веќе навлезе во Западна Европа и Кина.
Во Париз, температурата е за 3,5 степени пониска од просечната за овој период од годината, во Мадрид е дури 6,9 степени Целзиусови постудена од вообичаеното, а во Пекинг температурата падна на рекордно ниско, па во четвртокот беше минус девет степени, според Тајлер Ројс, метеоролог за апликацијата Акваватер.
Технички, ова се поларни ветрови кои орбитираат околу Арктикот и го одржуваат студот „заклучен“ далеку на север, но со зголемувањето на температурите, познато како нагло стратосферско затоплување, студениот воздух може да го пробие поларниот „oбрач“ и да се упати кон југ.
Another split of the #PolarVortex is set to happen 15th-17th Jan. A stratospheric ridge noses in between two vortex circulations.#Forecast models suggest this pattern *may* imprint onto the troposphere (where we experience #Weather) by the 2nd half of next week… pic.twitter.com/zejkvPbKFt
— James Peacock (@peacockreports) January 11, 2021
„Тоа носи студено време насекаде на северната хемисфера, иако се чини дека ледениот бран најверојатно ќе трае само во САД годинава“, рече Рајан Трузело, претседател на Ветер Тигар ЛЦЦ.
Многу метеоролози сугерираат дека не постои гаранција дека предвидувањата за вакво студено време навистина ќе се остварат.
„Многупати во минатото прогнозите за студено време беа само лажен аларм“, изјави Џим Рулер, водечки метеоролог во „Енергија на ветерот“.
Поврзани артикли