Motorola се подготвува да престави нови смартфони во текот на 2021. година. Компанијата неодамна ги објави Moto G Stylus (2021), Moto G Power (2021), Moto G Play (2021) и Motorola One 5G Ace (во САД). Исто така, видовме повеќе протечени информации за моделите Capri, Nio, Ibiza и други.
Сега компанијата ја најави нова Motorola Edge S серија во Кина. Чен Јин, генерален директор на компанијата Lenovo, откри неколку информации за претстојната Edge S серија премиум телефони за Кина.
Тој на својот Weibo профил објави дека уредот ќе го покренува чипсет од Qualcomm Snapdragon 800 серијата, а се очекува тоа да биде Snapdragon 888. Покрај тоа, Јин посочува дека уредот ќе биде дел од споменатата Edge S серија.
Поврзани артикли