Велат дека отровите се пакуваат во мали шишиња, но iMicro Q2 е тука да покаже дека некои добри работи доаѓаат и во микроскопски пакувања.
Се работи за микроскоп што може да се постави на врвот на прстот, а му одговара на секој паметен телефон. Откако еднаш ќе се монтира, може да ги зголеми целните објекти и до 800 пати, што на пример, значи дека може да прикаже домашна мува на начин на кој човечкото око не може да ја види. Креаторите го тестираа iMicro Q2 паралелно со обичниот десктоп микроскоп и не успеаја да пронајдат значителни разлики во перформансите.
Во денешно време се може да се смести џеб – со iMicro Q2, истото важи и за микроскопот. Уредот е мал, лесен и многу лесен за користење, а цената е прифатлива, па на Kickstarter нудат два пакета, еден од 39, а другиот за 47 долари.
Поврзани артикли