Компанијата Lenovo во текот на CES 2021 саемот ги претстави ThinkReality A3 паметните очила, кои ги карактеризира мала тежина, прилагодливост, а наменети се за деловниот пазар и овозможуваат попаметни технологии за поголем број луѓе.
ThinkReality A3 се поврзува со компјутерите или селектираните телефони на Motorola преку USB-C кабел, во зависност од потребите на корисникот. Се сугерира дека очилата се преносливи и удобни, а може да се засилат со индустриски рамки за побезбедна и поиздржлива употреба.
AR паметните очила ги покренува Qualcomm Snapdragon XR1 Platform, кој обезбедува перформанси со висок квалитет и имаат стереоскопски 1080p дисплеи, кои на корисниците им овозможуваат увид до пет виртуелни дисплеи. Покрај тоа, 8MP RGB камерата овозможува 1080p видео за далечинско користење, додека двојната fish-eye камера овозможува активност на следење.
ThinkReality A3 PC Edition моделот на очила е дизајниран за лаптопи и мобилни работни станици, за да им овозможи на корисниците да позиционираат повеќе големи виртуелни монитори за преглед и користење на Windows софтверски алатки и апликации. Виртуелните монитори се оптимизирани и компатибилни со водечките Lenovo ThinkPad лаптопи и работни станици, кои ги покренуваат Intel и AMD Ryzen процесорите.
ThinkReality A3 Industrial Edition е наменет за селектираните телефони на Motorola, а обезбедува извршување на AR-задачи без употреба на рацете во комплексните работни опкружувања.Industrial Edition е поддржан од ThinkReality софтверската платформа.
Lenovo ThinkReality A3 паметните очила ќе бидат достапни на селектирани пазари низ целиот свет, во текот на средината на 2021 година.
Поврзани артикли