Acer веќе неколку години вградува AMD чипови во своите Chromebook лаптопи, а компанијата сега ја освежи линијата со најновите Ryzen мобилни процесори. Првиот Acer Chromebook што ги користи овие процесори е Spin 514.
Лаптопот е достапен со Ryzen 7 3700C процесор или Ryzen 5 3500C, а тука е и вградената графичка картичка Radeon Vega. Според Acer, Spin 514 нуди до 10 часа траење на батеријата.
Chromebook тежи 1,55 килограми, а Acer ветува MIL-STD 810H издржливост од воен стандард, благодарение на засиленото алуминиумско тело.
Spin 514 има 14-инчен FullHD IPS дисплеј, покриен со Corning Gorilla Glass 3 заштите. Достапно е и до 16GB DDR4 DRAM и 256GB простор за складирање. Од приклучоците, присутни се USB Type-C, два USB 3.2 Gen 1 и читач на microSD картички. Некои варијанти имаат и HDMI порт.
Acer Spin 514 Chromebook ќе се појави на европските пазари од март, по почетна цена од 529 евра за основниот модел. Ќе постои и Chrome Enterprise Upgrade верзија за деловни корисници, по цена од 799 евра.
Поврзани артикли