Проектот Titan или автомобил на Apple е можеби една од најдобро чуваните тајни. До неодамна се сметаше дека развојот е замрзнат, но неодамнешните информации потврдуваат дека сепак на проектот наголемо се работи.
За многу кратко време, Hyundai успеа да го прекрши непишаниот кодекс за тајност на Apple потврдувајќи дека е во рана фаза на разговори со производителот на електроника за производство на Apple Car. Ова стана јасно откако корејското издание Hankyung напиша дека Hyundai е еден од производителите на автомобили, кој тврди дека е производен партнер на идниот електричен автомобил на Американците.
А на некој начин сево ова е официјално потврдено и од Hyundai. Во официјалното соопштение, автомобилската компанија вели:
„Apple разговара со некои глобални производители на автомобили, вклучувајќи го и Hyundai Motor. Но, бидејќи дискусиите се во многу рана фаза, сè уште ништо не е решено”.
Тоа што Apple може да избере надворешен производител за автомобилот и не е голема тајна или изненадување: Американците можеби ја имаат технологијата, но немаат производствени капацитети за производство на нивниот електричен автомобил.
Сепак, само половина час по објавувањето на информацијата од Корејците, истата беше повлечена и преуредена во смисол дека Hyundai разговара со партнери за развој на автономни автомобили.
Како и да е, едно е јасно: производителот на телефони и компјутери е многу сериозен во врска со проектот Titan и сака да вклучи голем производител на автомобили во него, но лансирањето на автомобилот нема да се случи пред 2027 година.
Поврзани артикли