Facebook го отстрани Like копчето од редизајнираните јавни страници, кои ги користат уметници, јавни личности и брендови, се вели во соопштението на социјалната мрежа.
Јавните страници на Facebook сега ќе ги прикажуваат само следбениците и ќе имаат доделен News Feed, каде сопствениците на страници можат да се вклучат во разговорите, да комуницираат со посетителите и фановите. Новиот редизајн почна да се прикажува од 6. јануари.
Значајните промени во дизајнот го вклучуваат редизајнираниот изглед, News Feed, полесна навигација, унапредени контроли на администраторот, функции на сигурност и многу повеќе.
Корисниците сега можат побрзо да се префрлаат од лични профили на страници. Преку новите админ контроли, на доверливите администратори на страниците може да им се даде целосна контрола или делумен пристап. Новите функции на сигурност ќе овозможат подобра детекција на спам-содржини и профили на луѓе кои се преправаат дека се некој друг.
Доделениот News Feed ќе прикажува и сугерира нови конекции, кои вклучуваат други јавни личности, страници, групи и трендинг содржини.
Facebook истакнува дека во наредните месеци ќе бидат достапни нови содржини и искуства за страниците.