Новиот извештај од синџирот на снабдување сугерира дека Apple планира да користи LTPO екрани за iPhone Pro моделите годинава, кои би можеле да го имплементираат ProMotion со освежување од 120Hz и always-on дисплеј. Претходните извештаи споменуваа дека компанијата планира да користи OLED панели што ги користат Apple Watch Series 5 и 6 и за премиум моделите на iPhone оваа година.
TheElec известува дека Samsung ќе биде единствениот снабдувач на овие дисплеи во 2021 година, и покрај претходните информации за тоа дека LG ќе ги произведува LTPO панелите за годинешната iPhone линија.
Samsung Display ќе биде ексклузивен снабдувач за OLED панели, а ќе се користи во следните два модели на iPhone од највисок ранг. Двата iPhone 13 Pro моделa ќе имаат LTPO (low-temperature polycrystalline oxide) и TFT (thin-film transistors) OLED панели.
Apple повторно ќе објави четири модели на iPhone и сите ќе користат OLED панели, при што двата најсилни ќе имаат LTPO OLED со поддршка за освежување на екранот од 120Hz.
И натаму се очекува дека LG ќе безбедува LTPO екрани за идните модели на iPhone, но дури од 2022 година. Samsung во моментов е лидер кога станува збор за оваа технологија и веќе ја користеше во Galaxy Note20 Ultra моделот.
Извештајот, исто така, сугерира дека иако LTPO ќе биде резервиран само за iPhone Pro моделите оваа година, Apple се надева дека следната година оваа технологија ќе ја прошири на сите модели што ќе ги претстави.
Поврзани артикли