Тестовите покажаа дека филтерот отстранува 99,8% од вирусните капки што циркулираат во воздухот во рок од 15 минути и 99,9% во рок од 24 часа
Honda разви нов филтер за кабината во автомобилот. Според производителот на автомобили, оваа маска за автомобил филтрира 99,8 проценти од сите вируси од воздухот во рок од петнаесет минути. Иако не постои стандарден метод за утврдување на ефикасноста на маската за автомобил против Ковид-19, таквиот филтер – исто како миење на рацете и носење маска за уста – не изгледа како лоша идеја. Хонда сега го разви таканаречениот филтер за воздух Курумаск. Иако ова не ги штити патниците од вируси однадвор, ги отстранува одвнатре. Тестовите покажаа дека филтерот отстранува 99,8 проценти од вирусните капки што циркулираат во воздухот во рок од 15 минути и 99,9 проценти во период од 24 часа. Според Хонда, филтерот ќе работи најмалку една година.
„Ние сакаме возачите да се чувствуваат безбедно и пријатно дури и кога ги држат прозорците на автомобилите затворени на студено време“, рече Такахару Ечиго, кој го предводеше развојот на филтерот, кој лесно може да се постави на филтерот на кабината.
Хонда го инсталира својот нов филтер во моделот N-Box, и ќе продолжи да го инсталира во други возила. Цената на филтерот е околу 50 евра и се препорачува да се заменува на секои 15.000 километри или веќе споменатата една година.