Сè повеќето детали и унапредувањето на графиката доведуваат до една неизбежна работа – видео игрите денеска заземаат многу повеќе простор на вашиот хард диск од било кога претходно.
Огромните мапи, бројните оружја, оператори и модови, во комбинација со напредните графички елементи доведуваат до тоа новите видео игри да „тежат“ незамисливо повеќе во однос на своите претходници.
Во минатото можеби сè што требаше да направиме пред да купиме видео игра е да провериме дали истата е компатибилна со спецификациите на нашиот компјутер, а од неодамна мора да проверуваме и дали има преостанато место на нашиот хард диск.
Погледенете ја целосната листа на видео-игри што заземаат најмногу простор при инсталацијата:
- Call of Duty: Modern Warfare – 231GB
- Hitman 2 – 149GB
- Tom Clancy’s Rainbow Six: Siege (sa HD texture packs) – 131GB
- Microsoft Flight Simulator – 127 GB
- Red Dead Redemption 2 – 116 GB
- Borderlands 3 – 116 GB
- ARK: Survival Evolved – 112 GB
- Assassin’s Creed: Odyssey – 110 GB
- Vermintide 2 – 94GB
- Destiny 2 – 92GB
Извор: B92.net
Поврзани артикли