Новиот тест на Ковид-19 антитела го одликува неверојатна брзина и прецизност.

Научниците од Универзитетот Carnegie Mellon објавија студија за резултатите од истражувањето на напредната биочувствителна платформа заснована на наноматеријали, која открива присуство на антитела специфични за САРС-CoV-2 вирусот за неколку секунди. Врз основа на тестот, платформата помага во прецизно квантифицирање на имунилошката реакција на пациентите на нови вакцини.

Со помош на наведената платформа се идентификува присуството на две антитела на вирусот, шилестиот протеин S1 и RBD рецепторот, а за се е потребна исклучително мала доза на крв од само 5 микролитри.

Исто така, концентрацијата на антитела во тој примерок од крв може да биде екстремно ниска, и сè уште може да се открие под нивото од 0,15 нанограми по милиметар.

Оваа детекција покренува електромеханичка реакција во рамките рачниот уред со микрофлуиди, што речиси моментно го испраќа резултатот од тестот на едноставно скенирање на паметниот телефон.

“Ги искористивме најновите достигнувања во материјалите и производството, како што е 3Д печатењето на наночестички, за да создадеме уред што брзо открива Ковид-19 антитела”, рече Пол Панат, професор на Универзитетот Carnegie Mellon, а резултатите на студијата беа објавени во декември 2020 година во научното списание Advanced Materials.

За ефикасноста и прецизноста на оваа платформа заслужна е производната технологија наречена „3Д печатење со аеросолен млаз“. Со оваа техника, златните микроелектроди во форма на колони се отпечатени на нано скалата. Ова создава груба, нерамна површина што всушност ја зголемува површината на самата платформа и ја подобрува електромеханичката реакција, каде антителата се врзуваат за антигените со кои се обложени електродите. Таквата специфична геометрија на површината им овозможува на микроколоните да добиваат повеќе протеини за детекција, што резултира со многу брзи и многу прецизни резултати.