Еден од изразите кои ја одбележаа 2020. година е секако социјалната дистанца, а практично и да нема ден некој да не нè потсети дека треба меѓусебно да одржуваме дистанца со цел да го спречиме ширењето на коронавирусот.
Со оглед на тоа што е период на новогодишните и Божиќните празници, време од годината кога се интензивира дружењето и славењето со најблиските, американската компанија SimpleSafe, смисли празничен џемпер за социјално дистанцирање.
Прототипот кој го претставија е опремен со LED светла и мали звучници, како и терманлни камери. Кога некој кој се приближува до лицето кое го носи џемперот, се вклучуваат сијалички и се огласува аларм.
Сето тоа функционира врз основа на податоците кои ги добиваат термалните камери, односно „алармот“ се вклучува кога термалните камери ќе детектираат топлина на човечко тело во близина.