Основачот на Xiaomi, Леи Јун изрази големо задоволство откако пазарната вредност на кинескиот производител на телефони надмина 100 милијарди долари.
Акциите на компанијата забележаа скок на вредноста од дури 9,1 процент, а на берзата во Хонг Конг тие го достигнаа 13. место на листата на Hang Seng Index, со споменатата пазарна капитализација од 100 милијарди долари.
Компанијата Xiaomi, која генерира најголем дел од својата продажба од телефонскиот бизнис, првично беше насочена кон капитализација од 100 милијарди долари за нејзиното оригинално IPO во мај 2018. година. Сепак, на своето деби, компанијата успеа да постигне само половина од посакуваната пазарна вредност.
Акциите на компанијата започнаа да бележат поголем раст во август годинава, откако беше објавено дека Xiaomi ќе биде додаден на Hang Seng Index. Xiaomi во ноември објави најбрз квартален раст на продажбата во последните две години, додека заработката ги надмина очекувањата на аналитичарите.
Извор: Benchmark.rs