Извршниот директор на Xiaomi потврди дека новиот Xiaomi Mi 11 на пазарот ќе пристигне во специјално пакување во кое нема да има полач.
Причината за ваквата одлука на Xiaomi е за да ја заштитат животната средина. Директорот Леи Јун изјави дека корисниците на Xiaomi со сигурност веќе имаат полњачи дома.
„Сите имате полњачи што не ги користите“, рече Јун.
Xiaomi Mi 11 ќе биде претставен денеска. Ќе пристигне со новиот Snapdragon 888 процесор, а ќе биде претставен и моќниот смартфон под назив Mi 11 Pro.
Поврзани артикли