Во текот на октомври, Realme го претстави Realme Q2 телефонот во Кина, кој е наменет за подостапниот 5G пазар.
Сега Realme Q2, со ознака на модел RMX2117, се најде на сертификација во Индија, што сугерира дека телефонот наскоро може да биде објавен на глобалните пазари. Не е познато дали Realme Q2 ќе се појави и на глобално ниво.
Realme Q2 има 6,5-инчен FHD+ LCD екран, со брзина на освежување од 120Hz. Во горниот лев агол на екранот е сместен punch-hole отвор за 16MP селфи камера.
Уредот го покренува MediaTek Dimensity 800U чипсет, со 6GB RAM и 128GB простор за складирање што може да се проширува. На задната страна има три камери, со главен сензор од 48MP, ултра широк од 8MP и макро сензор од 2MP.
Телефонот го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 30W брзо полнење. Realme Q2 има и сензор за отпечатоци од странат а рамката, како и 3,5 милиметарски порт.
Поврзани артикли