Телефонската индустрија во моментов е на пат кон закрепнување, откако пандемијата Ковид-19 предизвика значителни проблеми на пазарот. Ова ги принуди компаниите да ги намалат предвидените испораки на уредите, како и да забележат послаба продажба.
Samsung е меѓу производителите кои оваа година се најпогодени од кризата. Испораките на мобилни телефони на јужнокорејската компанија паднаа под 300 милиони за прв пат во последните девет години.
Според извештајот на ETNews“, Samsung се очекува годинава да испорача вкупно 270 милиони телефони. До крајот на третиот квартал, компанијата испорача 189,4 милиони уреди, а тоа вклучува класични телефони и паметни телефони. „Samsung“ се очекува да се опорави следната година, кога компанијата има за цел испораки од над 300 милиони, бидејќи побарувачката се зголемува по закрепнувањето на пазарот.
Извештајот сугерира дека „Samsung“ поставила цел да бидат испорачани 307 милиони единици, од кои 287 милиони ќе бидат паметни телефони, а останатите ќе бидат класични мобилни телефони. Од оваа бројка, 49,8 милиони ќе бидат премиум уреди (вклучувајќи го и семејството „Galaxy S21“), како и флексибилните телефони. „Samsung“, наводно, планира да достави околу шест милиони телефони со флексибилен екран во текот на следната година.
Јужнокорејскиот гигант исто така планира следната година во голема мера да ги промовира телефоните со поддршка за 5G. Од планираните 270 милиони паметни телефони за 2021-ва година, се очекува 237 милиони да бидат од семејствата „Galaxy A“ и „Galaxy M“.
Извор: Benchmark.rs