Компанијата Apple извести илјадници творци на видео-игри дека постои опасност нивните апликации да бидат отстранети од App Store во Кина.
Како што пренесува Wall Street Journal, пред четири години Кина воведе барање за лиценцирање на видео-игрите пред објавување.
Програмерите, сепак, и понатаму можеле да објавуваат нелиценцирани видео игри на App Store платформата.
Меѓутоа, технолошкиот гигант оваа година веќе отстрани илјадници видео-игри од кинескиот App Store, како резултат на барањето поднесено од кинеската влада.
Извор: B92.net