Во Обединетото Кралство почнаа клинички испитувања на нов лек против Ковид-19 базиран на антитела, кој го развија Универзитетскиот колеџ на лондонските болници, Националната здравствена служба (UCLH) и AstraZeneca.
Лекот може да спречи лице кое било изложено на коронавирусот да ја развие болеста предизвикана од него, а имунитетот може да трае помеѓу 6 и 12 месеци, пренесува The Guardian.
Новиот лек може да обезбеди моментален развој на имунитет на Ковид-19 и да се користи како итна терапија кај болнички пациенти и корисници на домови за стари лица.
Лекот исто така би бил корисен и за употреба кај членови на домаќинството во кое еден член е заразен со коронавирус, со цел да се спречи другите да се разболат, но исто така и меѓу студентите, кај кои Ковид-19 брзо се шири.
Тимот научници се надева дека тестовите ќе покажат оти лекот обезбедува заштита од Ковид-19 меѓу 6 и 12 месеци. Лекот треба да се зема 8 дена по изложувањето на вирусот.
Се смета дека лекот може да биде достапен во март или април, доколку добие дозвола за употреба по разгледување на резултатите од испитувањата.