Од компанијата Realme се очекува да претстави премиум телефон со Snapdragon 888 чипсет во текот на првиот квартал на 2021. година. Претходните извештаи сугерираа дека смартфонот е со кодно име „Race“, а имаше и информации дека Realme телефонот со SD888 чип може да ја носи ознаката Ace. Свежи информации сега го откриваат уредот наречен Realme Koi.
Realme на социјалната мрежа Weibo отвори нов профил за Realme Koi телефонот. Објавата на веб-страницата Weibo открива дека наскоро ќе дебитира Koi брендот, а повеќе детали за телефонот би можеле да добиеме во следните денови.
Единствената информација, која Realme ја потврди за Koi телефонот е дека тој е опремен со Snapdragon 888 чипсет. Претстојниот премиум модел би требало да има закривени рабови, кружен камера модул со четири камери на задната страна и 12GB RAM. Се очекува да пристигне со Android 11 и Realme UI 2.0 кориснички интерфејс.
Можно е Realme Koi да биде првиот телефон на брендот со поддршка за 125 W Ultra DART технологија за брзо полнење од 125W, која батеријата од 4000mAh ја полни до врв за 20 минути.
Поврзани артикли